Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Данска по состанокот со САД: „Не се согласуваме“ – земјите од ЕУ испраќаат војници во Гренланд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library1ohkeph0adifcQtAmvL

Соединетите Американски Држави, Данска и Гренланд ниту по денешниот состанок во Вашингтон не се приближија до договор за иднината на Гренланд. Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, изјави дека и натаму постои, како што рече, „темелно несогласување“ со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која се залага за американска контрола врз овој автономен териториј во состав на Кралството Данска.

Состанокот беше одржан со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио, откако Трамп изјави дека „сè помалку од американска контрола над Гренланд е неприфатливо“.

— реклама —

По разговорите, Расмусен рече дека тој и претставниците на Гренланд со Венс и Рубио воделе „искрена, но конструктивна расправа“, но дека ставовите и понатаму суштински се разликуваат.

„Претседателот јасно го изнесе својот став, а ние имаме поинаква позиција“, изјави Расмусен на прес-конференција во Вашингтон. Тој нагласи дека Данска смета оти долгорочната безбедност на Гренланд може да се обезбеди во рамки на постојниот политички и уставен поредок.

— реклама —

„Идеите што не би го почитувале територијалниот интегритет на Кралството Данска и правото на гренландскиот народ на самоопределување се целосно неприфатливи“, порача тој.

Расмусен додаде дека е договорено формирање работна група на високо ниво, која треба да се обиде да најде заеднички пат напред, иако, како што истакна, „темелното несогласување останува“. Првиот состанок на оваа група се очекува во наредните недели.

Шведска и Германија испраќаат војници
Паралелно со дипломатските разговори, Данска и нејзините сојузници го зајакнуваат военото присуство на Гренланд поради, како што наведуваат, влошените безбедносни услови на Арктикот.

Шведска денеска, на барање на Данска, испрати неодреден број војници на Гренланд. Шведскиот премиер Улф Кристерсон соопшти дека шведските офицери ќе бидат дел од поширока група сојузнички сили кои ќе учествуваат во подготовките за претстојната воена вежба „Operation Arctic Endurance“.

Германското Министерство за одбрана објави дека Германија во четврток испраќа извиднички тим од 13 припадници на Бундесверот во Нук. Станува збор за тридневна мисија, од 15 до 17 јануари, чија цел е проценка на условите за можни идни воени придонеси за безбедноста на регионот, вклучително и надзорот на поморскиот простор. Германските војници доаѓаат на покана на Данска и во соработка со други европски земји.

Данското Министерство за одбрана претходно потврди дека го зголемува военото присуство на Гренланд поради „безбедносни тензии“, додека расправата со САД за иднината на територијата продолжува без приближување на ставовите.

„Се согласуваме дека не се согласуваме, но ќе продолжиме да разговараме“, заклучи Расмусен, истакнувајќи дека Данска нема да отстапи од црвените линии кои вклучуваат почитување на територијалниот интегритет и правото на гренландскиот народ на самоопределување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 20 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 20 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања