Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Деца без проблем купуваат цигари низ маркетите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library1hb5caf5bosueyGvrds
Фото: AI - Skopje1

Со поддршка на СЗО е спроведено национално истражување во 75 училишта со 4.670 ученици. Резултатите покажуваат дека 13,6% од учениците (13–15 г.) користат тутунски производи – највисока досега преваленца; 10% користат е-цигари (повеќе од двојно од 2016). 57% биле изложени на чад дома, 55,4% во затворени јавни простори, а 73,2% од младите пушачи можеле да купат цигари без возрастовна пречка. 86,9% поддржуваат забрана за пушење во затворени јавни простори. Алиу најави нов предлог-закон за „денормализација“ на пушењето со 4 столба: целосна заштита од пасивно пушење (и аеросоли од е-цигари), забрана на ароматизирани производи, ограничување на маркетингот и јавното изложување, и построга контрола на продажба на малолетници.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес конференција изјави дека со поддршка од Светската здравствена организација, е извршено истражување, во кое биле избрани 75 училишта и биле опфатени 4.670 ученици.

— реклама —

„Истражувањето е дел од глобалниот систем на надзор на тутунот и претставува национално репрезентативно истражување кое по четврти пат се спроведува во училиштата во нашата држава. Податоците од истражувањето покажуваат дека 13,6% од учениците на возраст од 13 до 15 години моментално користат некаков тутунски производ и тоа е највисоката преваленца досега регистрирана во нашата држава. Вкупно 10% од нив користат електронски цигари, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со 2016 година. Дополнително загрижувачки се податоците дека дури 57% од младите биле изложени на тутунски чад во домот. Додека 55,4% биле изложени на чад во затворени јавни простори. Во однос на достапноста на Тутунските производи, ова истражување покажува дека 73,2% од младите пушачи не биле спречени да купат цигари поради нивната возраст. Она што е важно за нас како креатори на здравствените политики е дека огромен дел од испитаниците, ученици, ја поддржуваат мерката за забрана за пушење во затворени јавни простори, вкупно 86,9% од испитаниците ја поддржуваат оваа мерка.

— реклама —

Министерот изјави дека целта на новиот предлог-закон е денормализација на пушењето, а тоа ќе се постигне преку 4 столба на овој закон.

— реклама —

„Прво, целосна заштита од пасивно пушење, без чад и без аеросол во затворени и работни простори, заштита важи заштитата важи и за аеросоли од електронските цигари, чија безбедност при пасивна изложеност не е докажана. Втор столб, намалување на привлечноста, забрануваме продажба на производи што содржат карактеристични ароми кои создаваат препознатлив вкус или сензорен ефект различен од природниот тутунски профил. Овошни, слатки, ментол и други вкусови кои ја маскираат штетноста и го олеснуваат првото пробување. Повеќе овие нема да бидат дозволени за продажба. Трето, ограничување на маркетингот и изложувањето, ќе се стави крај на таргетирањето на младите преку социјалните мрежи, преку инфлуенсери, игри и дигитални други платформи. Тутунските и никотинските производи повеќе нема да бидат јавно изложени, туку во затворени ормани. Четвртиот столб е ограничување на достапноста и засилената контрола на продажба на малолетници. Со здравјето на младите нема компромис. А јавниот интерес ќе биде посилен од секој комерцијален притисок, вели Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sestra

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Македонија | пред 3 дена

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Македонија | пред 3 дена

media-libraryr2dejvj2r9031UKh8Mi

Нови специјализации и вработувања во педијатријата за намалување на дефицитот во здравствениот систем

Македонија | пред 3 дена

media-library7v1akv9kqpee2oD6Xzq

Алиу: Насилство врз здравствен работник е кривично дело за кое е предвидена казна затвор

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања