Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Декември без вистинска зима – температури над просекот, без врнежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
Sonce-pekol

Според најновите ажурирани метеоролошки прогнози, и во текот на целата наредна седмица Балканскиот Полуостров, вклучително и Македонија, ќе остане под влијание на изразен висок воздушен притисок – антициклон кој се протега од јужните делови на континентот. Ваквата синоптичка состојба ќе продолжи да носи стабилно, суво и невообичаено топло време за месец декември.

— реклама —

Температурите ќе бидат натпросечни на целата територија на Македонија, како и во поширокиот регион и во голем дел од Европа. Наместо типични зимски вредности, ќе преовладуваат температури повисоки од климатската норма за овој период од годината.

— реклама —

Во однос на врнежите, прогнозите покажуваат дека тие ќе бидат значително под просекот за декември. Времето ќе биде претежно суво, без појава на дожд или снег, како во Македонија, така и на поголемиот дел од Балканот.

— реклама —

И покрај стабилното време, антициклонските услови ќе придонесат за честа појава на магла и ниска облачност по котлините, особено во ноќните и утринските часови. На некои места маглата може да биде погуста и подолготрајна, со пониски утрински температури и намалена видливост, додека на повисоките места ќе преовладува посончево и потопло време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Променливо време со пообилни врнежи – снег на планините, најавува УХМР

Македонија | пред 2 дена

popova-shapka-sneg

Студено утро: Попова Шапка под нулата

Македонија | пред 1 седмица

271390768_373459804110139_5169398056754971612_n

Минусни температури наутро, до 19 степени во текот на денот

Македонија | пред 2 седмици

AF5B8913-AAD4-498D-BB10-C77D5E0757F5

Сончево со мала облачност, попладне можен слаб дожд

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања