Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Делегација од Собранието во посета на Хрватска: Поддршка за европскиот пат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
media-libraryenka7o8p1f1r51OILel

Собраниската делегација од Македонија остварила повеќе средби во Хрватскиот сабор во рамки на студиска посета, насочена кон унапредување на парламентарната соработка и размена на искуства.

Од Собранието информираат дека на средбите се разговарало за актуелни парламентарни прашања, како и за зајакнување на соработката меѓу двете законодавни институции, при што биле разменети искуства за функционирањето на парламентарните служби и организациските процеси.

— реклама —

Во разговорите, меѓу другото, биле опфатени теми поврзани со европските интеграции, позицијата на државата во процесот на пристапување кон Европската Унија, како и предизвиците и придобивките од тој процес.

Од Собранието наведуваат дека Хрватска, како последна земја членка што се приклучила на ЕУ, има значајно искуство во пристапниот процес и претставува поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија.

— реклама —

Била истакната и важноста од натамошно продлабочување на меѓупарламентарната соработка и размена на експертиза меѓу службите на двата парламента, особено во делот на законодавните процедури и институционалната координација.

Посетата продолжува со предвидени заеднички активности и дебати насочени кон унапредување на институционалната соработка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија во Сплит: загина 72-годишен маж

Балкан | пред 15 часа

— реклама —
media-librarygapulmqav1kqebLs4VW

Евакуиран шопинг-центар во Осиек

Свет | пред 1 ден

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Балкан | пред 1 ден

media-library2er4ggg8j2al63QXMK7

(Видео) Хрватски град го освои „Daily Mail“: Плажи, култура и пристапни цени

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања