Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Детали како се случи несреќата на автопатот Гостивар-Тетово, каде има загинато лице

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
images-1

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за две лица по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар – Тетовo.

— реклама —

„Станува збор за двајцата возачи, бидејќи според првичните сознанија едниот 19-годишник од Врапчиште со македонско и словенечко државјанство управувал со автомобил Мерцедес со брзина поголема од дозволената, а вториот 47-годишник од Охрид со автомобил Хјундаи презел дејствие на промена на коловозната лента без претходно да се увери дека може да го стори тоа без да ги загрози останатите учесници во сообраќајот.

— реклама —

Во сообраќајната несреќа меѓу двата автомобили кои се движеле еден по друг во правец кон Гостивар, животот го загуби сопатничка во автомобилот Хјундаи, а останатите четири лица-учесници се здобиле со повреди. Согласно тоа за двајцата осомничени постои основано сомнение дека би можеле да бидат сторители на – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Јавниот обвинител предложи на двајцата привремено да им биде одземена патната исправа, да им биде изречена забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и да им биде одредена обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган додека трае постапката“, вели Обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5sbql1dkvt9leU9lzpl

Убиство во близина на Виница: Ловочувар најден со прострелна рана, четири лица задржани во станица

Македонија | пред 1 ден

media-library56pif6hp19rq8133cK0

И по една година без епилог: Предистрагата за следењето на Мицкоски и медиуми сè уште тапка во место

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Продолжен краткотрајниот притвор за Стојанче, осомничен за самоубиството на мајката и детето: се вештачат телефони и се анализираат снимки

Македонија | пред 3 седмици

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко се жалеше само дека душекот не му е добар, а не на нечовечко однесување, извести кумановскиот затвор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања