Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Дигиталната инфраструктура во фокусот на средбата на Министерот Андоновски со претставници на реномираната Rumble

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Andonovski27102021

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, Гоце Димовски, директорот на ДТИРЗ заедно со претставници на академската заедница, оствари средба со претставници од компанијата Rumble.

— реклама —

Клучни теми на разговорите беа конкретни можности за соработка и инвестиции во дигиталниот сектор во Македонија. Во тој контекст, беше дискутирана можноста за партнерство со Rumble за изградба на современи национални центри за податоци што како иницијатива би придонела за подобрени стандарди за заштита на приватноста и безбедност на податоците. Исто така, беше разгледана соработката и во однос на проширувањето на дигиталната инфраструктура и поврзаноста, со цел Македонија да стане лидер во регионот по распространетост на брз и широкопојасен интернет.

— реклама —

Министерот Андоновски истакна дека приоритетите на Владата се целосно усогласени со предложените области на соработка. "Нашата визија за подостапни електронски јавни услуги, распространетост на брз и широкопојасен интернет, безбедни податоци на граѓаните и подобрена дигитална инфраструктура може значително да се унапреди преку соработката со Rumble. Искуството на г-дин Крис Павловски и неговиот тим е од непроценливо значење за забрзување на нашата дигитална трансформација", рече Андоновски

— реклама —

Rumble има експертиза и ресурси кои можат значително да го забрзаат напредокот на Македонија во дигиталната сфера, а инвестициите во дигиталната инфраструктура се клучни за нашиот економски раст и конкурентност. Соработката со компании како Rumble не само што ќе привлече значителен капитал, туку и ќе донесе најсовремени технологии и знаења во нашата земја.

Министерот Андоновски ја истакна и важната улога на македонската дијаспора во овој процес: "Успешни бизнисмени како г-дин Павловски се мост меѓу Македонија и глобалната технолошка сцена. Нивната активност и инвестиции се од суштинско значење за нашиот напредок."

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Македонија | пред 4 дена

media-library0q3387parbkc6Lu4pTe

Андоновски ја поздрави поддршката од ЕУ: заедно до роаминг по ниски цени и сајбер безбедност

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhh5agcdug3tk96oYbPx

Регистрацијата на инфлуенсери ќе се преиспитува: Андоновски и Владата ќе се сретнат до претставници на здружението

Македонија | пред 1 месец

media-librarycbd4v4o69ta60CTdXAQ

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања