„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Димитров: За пет години ќе се прашуваме зошто спорот со Грција не бил решен уште во деведесеттите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

На последниот ден од работната посета на Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров, имаше обраќање во Фондацијата Роберт Шуман на тема „Европската перспектива на Македонија по Договорот со Грција” по кое следеше дискусија со поканетите гости, претставници од дипломатскиот кор, политичката и медиумската сфера на Франција.

— реклама —

— реклама —

МНР Димитров се осврна на вложената енергија изминатата година и половина на планот на решавање на отвореното прашање со Грција, на деликатноста на процесот, но и на оптимизмот и вербата дека истиот успешно ќе се финализира. Во тој контекст Министерот кажа: „И покрај многуте предизвици и противења, уверен сум дека после пет години ќе се прашуваме зошто ова не било направено уште на почетокот на деведесетите. Исто сум уверен дека токму Балканот овој пат ќе покаже дека чудата се можни.” Во однос на процесот на проширување, МНР Димитров посочи дека е од исклучителна важност ценење на постигнатото низ меритократски принципи, и следната година и формално да се отвори патот на Македонија за пристапување, бидејќи, како што истакна тој: „Крајно време е Регионот да почне да се натпреварува на планот на реформи, наместо на планот на историја. И за самата ЕУ, европеизацијата на Балканот е позитивна работа. Потребна е само визија и храброст за донесување големи одлуки со долгорочни придобивки.”

— реклама —

Во Националното Собрание на Француската Република, министерот Никола Димитров оствари средби со претседателката на Комисијата за надворешни работи Мариел де Сарнез и со пратениците Бернар Сор, Лилиана Танги, Фредерик Ле Пети, Седрик Вилани и Жан-Франсуа Елиау. На средбите стана збор за европската перспектива на Република Македонија и за спроведувањето на неопходните реформски приоритети со цел почеток на пристапни преговори со Европската унија, како и за значењето на поддршката на Франција во тој поглед. Притоа беше заклучено дека европеизацијата на Балканот и консолидацијата на ЕУ се комплементарни процеси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања