Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Директорот на Царина: запленети 2.500 инфузиски сета – годинава Царината заплени 10 илјади парчиња лекови ризични по здравјето на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarylji58mrugom84ezNBQj

Запленети 2.500 инфузиски медицински сета - игли, шприцеви, канили и системи за инфузија, ризични по здравјето на граѓаните. За случајот информираше директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во интервју на Алфа телевизија, при што истакна дека годинава се запленети над 10 илјади парчиња лекови.

— реклама —

„Последен случај каде јасно се гледа нашата заложба во заштита на здравјето на граѓаните е заплената на 2.500 инфузиски сета во царинска испостава Скопје 3. Случајот е откриен при детална контрола на инфузиски медицински материјал – игли, канили и системи за инфузија, при што е констатирано е дека истите се кинеска стока, а не германска која била предмет на дозвола за увоз. Со оглед на тоа дека сетовите за инфузија не се во согласност со медицинските стандарди во државата, не се безбедни за употреба и за нив не е издадено одобрение за увоз, стоката е запленета и истата ќе биде уништена, а против увозникот е поведена соодветна постапка“, истакна Николовски.

— реклама —

Директорот воедно информира дека минатата година се спречени два меѓународни канали за нелегална трговија со анаболични стероиди при што запленети се 600 илјади килограми супстанци штетни по здравјето на граѓаните.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhlm5pi2vf9qvfUQRYgz

(Фото) Скриени меѓу пакувања кафе: фотографии од запленетите 580 куршуми во автобус на „Дурмо Турс“ на Табановце

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjqqctkb48o2saL4Az5h

(Фото) Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун вредни 384 илјади денари

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvvfhsg2usard6eoN7OU

(Фото) На скопскиот аеродром запленети 150.000 фунти кај патник кој патувал за Лондон

Македонија | пред 3 седмици

media-library3oao0da67o3u2rWF5HE

Царинска управа: во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања