Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Документи од американското Министерство за правда: Илон Маск имал поблиски контакти со педофилот Епстин отколку што јавно признавал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Американското Министерство за правда објави документи кои откриваат дека комуникацијата меѓу Илон Маск и финансискиот магнат и осуден педофил Џефри Епстин била значително поинтензивна и поприсна отколку што досега беше познато во јавноста, објави „Гардијан“.

Објавените електронски пораки од 2012 и 2013 година покажуваат дека Маск и Епстин во пријателски тон договарале можни посети на озлогласениот остров Little St James, во сопственост на Епстин. Иако во кореспонденцијата се наведуваат конкретни датуми и логистички детали, според документите, ниту една од планираните посети на крајот не се реализирала, главно поради организациски причини.

— реклама —

Во една од пораките од декември 2013 година, Маск го информира Епстин дека ќе се наоѓа во регионот на Британските Девствени Острови и прашува кога би било соодветно да го посети. Епстин му одговара дека има простор „во секое време“, по што двајцата разменуваат пораки за можен термин. Посетата, сепак, била откажана откако Епстин соопштил дека мора да остане во Њујорк.

Во друга комуникација од ноември 2012 година, Епстин го прашува Маск колку луѓе би патувале со хеликоптер до островот, на што Маск одговара дека веројатно би бил само тој и неговата тогашна сопруга. И овој план бил откажан поради, како што навел Маск, логистички проблеми.

— реклама —

Овие откритија се во спротивност со јавните изјави на Маск од минатото. Во интервју од 2019 година, тој го опиша Епстин како „вознемирувачка личност“ и тврдеше дека повеќепати одбил покани да го посети неговиот остров. Новообјавените пораки, пак, покажуваат дека постоеле конкретни договори и пријателска комуникација, и тоа по 2008 година, кога Епстин веќе бил осуден на Флорида за кривични дела поврзани со малолетничка проституција.

Во документите се споменува и електронска порака од асистентката на Епстин, во која се договара ручек во седиштето на SpaceX во 2013 година. Не е потврдено дали средбата навистина се одржала, ниту дали Маск бил присутен.

Епстин беше повторно уапсен во 2019 година под федерални обвиненија за трговија со луѓе за сексуална експлоатација, а истата година беше пронајден мртов во својата ќелија. Неговите врски со влијателни личности со години се предмет на истраги и шпекулации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8gem00hnbkj86Zc7XP

OpenAI го обвини Илон Маск за ‘правна заседа’ во судскиот спор

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
ilon-mask-1

Маск повторно во судир со регулаторите во Јужна Африка

Свет | пред 1 седмица

Mask1

Се распаѓа xAI? Последните коосновачи ја напуштија компанијата на Илон Маск

Магазин | пред 3 седмици

ilon-mask

Француско обвинителство: Маск поттикнувал експлицитни дигитални манипулации за да ја зголеми вредноста на Икс

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања