Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Драмата „Каде е пиштолот“ вечерва на „Охридско лето“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
NPS_3489-1024x681

Програмата на годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашната изведба на театарската претстава „Каде е пиштолот“ во изведба на Народниот театар од Охрид.

— реклама —

„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.

— реклама —

Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор, во кој гледаме четворица луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четворица од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој – пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!

— реклама —

Режисерската поставка на претставата е на Дејана Николовска, втората Македонка која има завршено театарска режија во Москва на ГИТИС, Руската академија за театрска уметност (после Иван Поповски). Освен театарот како основна професија и позив, се занимава и со филм. Најзначаен филмски проект е снимањето на серијалот „Именденот на Татијана“ (220 епизоди) за Првиот канал на Руската Националана Телевизија. Исто така има големо искуство во шоу бизнис индустријата како режисер во RosArt Group production company во Москва.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски.

Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања