Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Дрога во четири торби, бегство и апсење: акција на полицијата кај Градско, успсен скопјанец и кавадарчанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarybuvuv97f23kr7GMgVcp

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, откако кај наплатната рампа Стоби беа откриени околу 65 килограми марихуана.

Според обвинителството, осомничените заеднички организирале транспорт на дрогата, при што 38-годишен жител на Скопје ја превезувал марихуаната во автомобил со скопски регистарски ознаки, спакувана во четири големи црни патни торби.

— реклама —

Вториот осомничен, 55-годишник од Кавадарци, имал улога на т.н. „чистач“, односно со друго возило се движел како претходница со задача да предупредува за евентуални полициски контроли.

Полициски службеници на наплатната рампа забележале сомнително однесување на возилото со дрогата, а по даден знак за запирање, возачот се дал во бегство кон Градско. По кратка потера, полицијата успеала да го запре возилото и при извршениот преглед била пронајдена марихуаната.

— реклама —

Јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека истрагата за целиот случај продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_4639

Десет лица приведени во Скопје, пронајдена дрога на повеќе локации

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
IMG_6897

Детали за апсењата од утринава: седум уапсени, разбиена криминална група поврзана со дрога и оружје

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybuvuv97f23kr7GMgVcp

(Видео) Акција на МВР и „Тигар“: пресечен транспорт за марихуана на автопатот „Пријателство“

Македонија | пред 2 седмици

marihuana

Колумбиската морнарица заплени двa тони марихуана вредни над 21 милион долари

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања