Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Две бебиња во инкубатор итно пренесени од Дубровник до Сплит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryd6k4kj58ahrq9IbOk1b

Пилотите на Хрватското воено воздухопловство во ноќта меѓу 26ти и 27ми јануари итно превезоа две новороденчиња во инкубатор од Општата болница во Дубровник до Клиничкиот болнички центар во Сплит за продолжување на медицинската нега, соопшти Министерството за одбрана на Република Хрватска.

Летечката посада на 395. ескадрила транспортни хеликоптери од 93. крило на ХВЗ, составена од четворица членови, барањето за итен медицински транспорт го добила во 22:05 часот. Половина час подоцна, во 22:35, хеликоптерот Ми-171Ш полетал од касарната „Кнез Трпимир“ во Дивулје кон Дубровник.

— реклама —

По пристигнувањето, пилотите ги превзеле малите пациенти во инкубатор заедно со медицинскиот тим и во 00:05 часот полетале кон Сплит. На хелидромот на КБЦ Сплит слетале во 1:05 часот, по што бебињата биле предадени на понатамошна нега. Целата акција, која вклучувала три летови, траела два часа и 25 минути, по што посадата се вратила во базата.

Капетанот на хеликоптерот, натпоручник Анте Франиќ, по успешно завршената мисија изрази гордост: „Задачата ја извршивме брзо и како тим сме горди што придонесовме за навремена медицинска нега за нашите мали пациенти“.

— реклама —

Министерството за одбрана истакнува дека оваа хеликоптерска акција ја потврди висока спремност и обученост на ХВЗ за дејствување во секое време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија во Сплит: загина 72-годишен маж

Балкан | пред 18 часа

— реклама —
media-librarygapulmqav1kqebLs4VW

Евакуиран шопинг-центар во Осиек

Свет | пред 1 ден

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Балкан | пред 1 ден

media-library2er4ggg8j2al63QXMK7

(Видео) Хрватски град го освои „Daily Mail“: Плажи, култура и пристапни цени

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања