Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Џабе просечна плата 500 евра, кога трошоци за живот 1000 евра, а најчестата плата далеку под просекот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
krediti-za-skoluvanje-denari-1

После цели пет ипол години власт срамно е што Ковачевски се фали со 500 евра просечна плата, во време кога реалните трошоци за живот се 1000 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Наместо да се фалат со просечната плата, Владата на СДСМ треба да каже која е најчесто исплатената плата, која реално е далеку под тие 500 евра. Просекот на исплатената плата вештачки се крева од страна на помал број на луѓе чии плати се енормно високи, и затоа реперот треба да биде платата која најчесто се исплатува на пазарот на труд.

— реклама —

Воедно тие 500 евра плата најмногу ги троши инфлацијата, струјата која СДСМ ја поскапи, зејтинот, бензините, лебот, млекото.

— реклама —

Тие 500 евра плата на Ковачевски се доволни само во паралелниот свет на власта каде тече мед и млеко, има тендери и добра заработка на политичарите кои како голтари влегоа во политиката а сега се милионери. А во реалниот свет на обичните граѓани има беспарица, невработеност и сиромаштија која расте“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 5 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 5 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 5 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања