Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ѕирнете ги руските Малдиви на крајот на светот (ФОТОГРАФИИ)

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
1rm

Прекриено со тисова шумичка, островот Петров се губи во Јапонското море. И како што велат мештаните, неговите порти никогаш не биле отворени за сите.

— реклама —

Малиот остров, долг еден километар, наречен по офицерот на руската флота од 19 век Александар Петров, се наоѓа на работ на Русија во Јапонското море.

— реклама —

Островот го откри руска експедиција во 1860 година, а кон крајот на минатиот век влезе во состав на Лазовскиот резерват на природата во Приморскиот крај.

— реклама —

Се раскажува легендата дека тисовите дрвја пред илјада години овде ги посадиле разбојници до Кина на кои островот им служел за религиозни обреди.

Работата е во тоа што тисовото дрво било високо ценето и користено како своевидна валута во тргувањето.

На островот Петров нема ниту едно право стебло – тисовите дрвја поради вековната изложеност на силните ветрови е свиткано и меѓусебно испреплетено.

Ако се качите на највисоката точка на островот, ќе ви биде јасно зошто тој со векови претставувал неосвоива тврдина. Високите остри карпи од една страна и бесното море од друга, не давале никаква надеж дека туѓински можат да се пробијат овде.

Иако се чини дека островот се наоѓа на дофат на раката од копното, тоа е само илузија. За време на непогода ни најмалку не е лесно да се дојде до копното, па мештаните велат дека островот никому не дозволува да го прејде неговиот праг.

Спроти островот, на „копното“, се наоѓа заливот „Распеаниот песок“. Името го добил по финиот бел песок на плажата кој, кога одите по него, произведува звуци како свиреж.

Морето во заливот е со чудесна сино-зелена боја, светло и проѕирно. Едноставно рај за љубителите на одмор на море!

Овие места годишно ги посетуваат само неколку илјади туристи и до нив е мошне тешко да се стигне (се наоѓаат на 300 километри од Владивосток). Влезот се плаќа, со тоа што во канцеларијата на резерватот мора да се извади пропусница за посета.

Сергеј Орлов/VL.RU

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања