Холивудската ѕвезда Џони Деп ги отфрли обвиненијата дека физички ја малтретирал својата поранешна сопруга Амбер Херд, на што додаде дека, всушност, таа била онаа што го вознемирувала него.
Деп ја тужи својата поранешта сопруга за клевета во спор тежок 50 милиони долари.
Деп ја обвинува Амбер дека сама си ги нацртала модриците , што и послужиле како доказ за физичко насилство од него. Нејзиниот адвокат ги отфрла овие обвиненија за Амбер и вели дека таа повеќе пати била жртва на насилство од Деп.
„Таа беше сторителот, а јас бев жртвата. Додека мешаше лекови со алкохол, таа неколкупати физички ме нападна, дури и пред други лица, а во неколку случаи ми нанесе и сериозни телесни повреди“, вели Деп..
Сепак, адвокатот на Херд вели дека во овој случај постојат многубројни докази дека Џони Деп ја тепал Амбер Херд.