Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Експлозии во Дубаи: сирени и предупредувања по нов можен ракетен напад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryfhd441dhdgj04DJpbcJ
Илустрација

Две експлозии утрово одекнаа во Дубаи, само неколку секунди откако жителите добиле предупредување на мобилните телефони за можен ракетен напад.

Предупредувањето било испратено околу 10:10 часот по локално време, по што во градот се слушнале детонации и се активирале сирените за противвоздушна одбрана. И покрај тоа, секојдневниот живот не бил целосно прекинат – градежните работници продолжиле со работа, а сообраќајот се одвивал без поголеми застои.

— реклама —

За дел од жителите кои останале во Дубаи, ваквите сцени веќе стануваат секојдневие – комбинација од аларми на мобилните уреди и одек на експлозии во далечината.

Од почетокот на конфликтот, Обединетите Арапски Емирати се соочиле со повеќе од 2.000 ракети и дронови. Министерството за одбрана тврди дека најголемиот дел од нападите се успешно пресретнати и дека детонациите најчесто се резултат на активностите на противвоздушната одбрана.

— реклама —

Сепак, и покрај високото ниво на одбрана, аналитичарите предупредуваат дека најголемата штета е врз имиџот на безбедност и стабилност што Емиратите го градеа со години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybio7g8faejg73Yy5gsz

(Видео) Затворање по речиси три децении: Обемна реконструкција на луксузниот симбол на Дубаи

Магазин | пред 6 дена

— реклама —
media-library39bqt19o2dds3v31QhQ

(Видео) Се затвора симболот на Дубаи: тврдат дека нема врска со нападот со дрон

Свет | пред 1 седмица

media-libraryrn34dogp31dr79t8FqL

(Видео) Експлозии во Дубаи: Активирана противвоздушна одбрана

Свет | пред 3 седмици

media-libraryfi4b29laglldeZM2aw0

Дубаи излегува од мода – инфлуенсерите бараат нов „рај“

Магазин | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања