Обединети Арапски Емирати соопштија дека од почетокот на војната биле цел на повеќе ирански напади отколку која било друга земја.
Според информациите од нивната дипломатска мисија во Соединети Американски Држави, иранските сили испукале повеќе од 2.800 проектили и беспилотни летала кон територијата на Емиратите.
Властите во Абу Даби тврдат дека со тоа биле погодени повеќе од сите други држави, вклучително и Израел.
Повикyвајќи се на Gulf Research Centre, наведуваат дека околу 90 проценти од нападите биле насочени кон цивилна инфраструктура.
Министерката Рим ал Хашими оценила дека Иран „го избрал тој пат затоа што ние сме сè она што тие не се“.