Facebook наскоро би можел да ја почне фазата на анализирање и тестирање врз оснива на која ќе одлучи дали би требало да почне да го крие бројот на лајкови или не. Истражувачката апликација Hane Manchen Wond пронашла код во Android апликацијата на Facebook кој е задолжен за сокривање на бројот на „лајкови“ од објавите од сите луѓе освен од тој што ја ставил објавата. Останатите корисници би можеле да видат само неколку емотикони како реакција и известување дека на таа објава ставил „лајк“ некој друг корисницик на Facebook.
Instagram веќе започна да тестира сокривање на бројот на „лајкови“, а има знаци и дека тестирањето засега е успешно и се проширило на повеќе земји.
Иако „лајкови“ се заштитен знак на Facebook корисниците реагирааат. Според нив бројот на „лајкови“ на некоја објава ги прави да се чувствуваат лошо, а некои се грижат дека на другите луѓе не им се допаѓаат нивните објави. Ова можеби е и главната причина поради која Facebook се одлучи да ги сокрие бројот на лајкови.