Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Фатмир Лимани потпиша 11 грант договори за развој на предучилишно образование во 10 општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library4860u7d361s98CWUHZY

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалниците на десет општини, потпиша 11 договори за грант, со што се реализира уште една значајна мерка за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата.

— реклама —

„Денес потпишавме 11 нови договори за грант со општините за проширување на капацитетите во предучилишното образование.

Со инвестиции од Министерството за социјална политика, демографија и млади, неискористени училишни и општински простории ги претвораме во функционални предучилишни групи, што претставува побрзо, поефикасно и одржливо решение за поголем опфат на децата.

Минатата година потпишавме уште 2 договори со Кавадарци и Кисела Вода, а со денешните, вкупната бројка достигна 13.

Ова партнерство меѓу централната и локалната власт е пример како со заедничка посветеност можеме да постигнеме реални и видливи резултати за граѓаните.

Убеден сум дека новите предучилишни групи ќе придонесат за подобар когнитивен и социјален развој на децата, поголема подготвеност за училиште, но и за намалување на нееднаквостите уште од најрана возраст.

Продолжуваме со инвестиции во раното детство- за еднакви шанси за секое дете“, вели Лимани.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

slika-3-un

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми, што е најчесто резултат од недовербата во институциите

Македонија | пред 1 година

fatmir-limani-2

Лимани: Заложбите за поголема интеграција на Ромите во општеството, да ги преточиме во дела

Македонија | пред 1 година

Bilateralna-2024-11-08-2

Лимани - Оздемир Ѓокташ: Северна Македонија и Турција се пријателски земји, поддршката и размената на искуства се од огромно значење

Македонија | пред 1 година

slika_minister_Limani

Министерот Лимани на дводневна посета во Турција на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања