Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Фетаи во Брисел на средба со европратеникот Ваитз: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да се зачленат во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
arben-fetai-2

Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Северна Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со Потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Известувачот Ваитз рече дека Северна Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ.

— реклама —

Тој вети дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел.

— реклама —

Вицепремиерот Фетаи го информираше Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, посебно во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Фетаи ја истакна и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект и за справување со еколошките предизвици.

— реклама —

Тој изрази загриженост за руското влијание врз информативниот простор на Северна Македонија, кое треба да се третира како сериозно прашање за националната безбедност.

На крај, Вицепремиерот му се заблагодари на домаќинот за конструктирвната средба и се заложи за координација на следните активности важни за европската иднина на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

Фетаи „удира“ по поделбите: Историјата покажува дека движењата што ги јадат своите луѓе завршуваат во колапс

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryea56npp6fs67dD2sgTt

Фетаи го добива мандатот за преговори во ВЛЕН од Основачкото собрание на Алијансата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryropel07hsskq8gkMace

Фетаи: Конфискацијата на незаконски имот останува приоритет

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-22-at-12.02.42

Мицкоски со Фетаи комуницира на англиски јазик! „Зборува течно четри јазици, а сега посветено учи македонски“

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања