Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryokn6cj0oeo163Vtcfio

За четири години локална власт и година и пол централна власт, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една своја инвестиција, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за насшиот дом“, што се одржа во скопската општина Кисела Вода.


— реклама —

„Гледам дека Мицкоски сака да кажува басни на митинзите. А зошто раскажува басни? Затоа што тој нема што друго да каже. Четири години ја имаа речиси целата локална власт, и година и пол централната власт“, рече Филипче.


— реклама —

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фалеа со инвестициите на СДСМ, отвораа патишта кои беа веќе завршени.


„Прашањето е едноставно- може ли Мицкоски да наброи две целосно свои инвестиции?  Единственото со што се пофалија беа проекти што СДСМ ги донесе до 98%, 99% реализација. Тие само ја сечеа лентата. Отвораа странски инвестиции по трет, четврти пат. Во Штип одеа по три пати во фабриките, ни кажуваат работниците се смееле. Отвораат улици и патишта што веќе беа завршени. Да не се проектите на СДСМ – Мицкоски нема ни  каде  да се слика“, рече Филипче.


Во обраќањето на граѓанската трибина Филипче укажа дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт економијата е на колена.


„Ова е реалноста. Ова е сликата за ВМРО-ДПМНЕ и нивната власт. Лажат, манипулираат и трошат пари за себе. А граѓаните остануваат без иднина“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryovu8bgneal1r3LXwt6I

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 23 минути

— реклама —
media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 1 час

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 2 часа

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања