Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Несоодветни се измените на Законот за јавни набавки, тоа е чекор назад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
1-6

Предложените измени на Законот за јавни набавки се несоодветни и се чекор назад бидејќи во кој со нив се елиминира контролата на Бирото за јавни набавки и составот на комисијата, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешното обраќање како претседател на Националниот совет за европска интеграција на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, што се држа во Собранието.

— реклама —

"Зошто да му правиме трик на системот? Ајде да одиме чекор напред во компатибилност со законите во Европската унија. Истовремено апелирам Владата и Министерството за евроинтеграции сериозно да поработат на реформската агенда. Веќе има неколку работи кои што не се на повидок, а се дел од обврските кои што треба да се завршат до декември 2024 година со вкупна сума која што треба да биде поддржана како дел од Планот за раст од 17 милиони евра. Тоа е да се донесе Закон за реформа на јавните финансии, потоа измена на 17 подзаконски акти за Буџетот и негово усогласување со ЕУноменклатура, измени на Закон за трговски друштва за професионализација на Управни и Надзорни одбори на државни претпријатија и пополнување на испразнети места во судство и обвинителство според годишните планови, рече Филипче.

— реклама —

Во обраќањето Филипче посочи дека очекува реформската агенда да биде силен приоритет во следниот период, а Националениот Совет да биде поле каде што ќе се спојат експертизите на многу институции и организации во нашата земја, бидејќи само така може да се успее во исполнување на стратешките цели и справување со предизвиците.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Македонија | пред 2 часа

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 4 часа

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 20 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања