Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: СДСМ е силата што ја враќа надежта и вербата во иднината на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryi0g1hd9rvc3eet89AJb

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, вечерва на граѓанската трибина во Охрид,  истакна дека СДСМ е државотворна партија со обврска пред предците да ја одбрани Македонија и да ја врати довербата на граѓаните.

— реклама —

„За помалку од една година, актуелната власт донесе несигурност и страв кај граѓаните за тоа каде се движи нашата земја. Должни сме како СДСМ да истапиме, да ги збиеме редовите и да излеземе сите силно обединети на овие избори. Ова е наша должност, затоа што СДСМ е партијата која ги постави темелите на државата“, порача д-р Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека мора социјалдемократите да се изборат за домот и дека борбата почнува од секое маало, од секоја улица и куќа.

— реклама —

 „Наша обврска е да ја вратиме надежта дека оваа власт не може да прави што сака. Да дигнеме глас дека нема да молчиме пред неправдите, ароганцијата и игнорирањето на потребите на луѓето. Не смееме да дозволиме државата да стане алатка за лични интереси“, додаде лидерот на СДСМ.

Филипче ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ како неспособна и без капацитет да решава проблеми, потенцирајќи дека „докажаа дека знаат само да се одмаздуваат, да владеат со терор и да шиканираат“.

„АСНОМ не ја создаде оваа држава за некој да ја приватизира за свои интереси.  Да ги руши стратешките позиции и цели кои ги зацртавме и кои се во интерес за сите граѓани. Ако сега не излеземе да се бориме, на секој ќе му биде тешко”, рече д-р Филипче.

Тој повика на мобилизација и единство во вербата за подобра Македонија, бидејќи како што рече д-р Филипче ова не е промената што ја очекуваа граѓаните.

„Наша задача да им ја вратиме вербата дека сме тука за нив. СДСМ е единствената реална опозиција и нашиот дом како социјалдемократи. Потребна ни е верба дека можеме да се избориме за подобра Македонија“, истакна д-р Филипче.

Лидерот на СДСМ упати порака до сите што веруваат во идеологијата на СДСМ да се вклучат и застанат рамо до рамо за да ја заштитат иднината на државата. „Поделбите во опозицијата се во интерес на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Силно верувам дека граѓаните гледаат и сфаќаат дека само единствена, организирана СДСМ може да ги одбрани нивните права и иднината на Македонија“, порача од Охрид претседателот на СДСМ, д-р  Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 4 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 9 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања