Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ економијата е на колена, секој ден има нови негативни економски показатели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
filipce-ck-sdsm

Не постои ниту еден економски податок со кој може ВМРО-ДПМНЕ  да се пофалат, но затоа немаат проблем да лажат дека сме биле трети, четврти  петти, први во Европа, истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Кисела Вода.Филипче предупреди дека економијата тоне, и секој ден има поразителни економски податоци

„Економијата е на колена. Денес повторно поразителни податоци, пад на вработените во индустријата. Паднаа странските инвестиции за повеќе од половина, три месеци по ред не се случило до сега да паѓа  просечната плата. Инфлацијата е меѓу највисоките во Европа. Минималната плата најниска во Европа“, рече Филипче.

— реклама —

Говорејќи за економската состојба, Филипче посочи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за година и пол не направи ништо за државата да напредува.

„Нема ниеден сегмент во кој може да се пофалат дека нешто направиле добро за државата, тоа е вистината со Христијан Мицкоски и со неговите политики.Ова е реалноста. Лажат, манипулираат и трошат пари за себе. А граѓаните остануваат без иднина“, рече Филипче.

— реклама —

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче порача дека СДСМ  нема да дозволиме ваквата состојба да продолжи, СДСМ се бори и ќе се бори за држава што е дом за сите, а не за мала група луѓе.

„Се бориме за нашиот дом, за достоинствени плати, за пензија што носи мир за пензионерите, за млади што остануваат, за општини што работат за луѓето, што се отворени, чесни и  сервис на граѓаните - едноставно дом за секој еден од нас“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryovu8bgneal1r3LXwt6I

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 23 минути

— реклама —
media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 1 час

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 2 часа

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања