Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Македонија
media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Венко Филипче предупреди дека спиралата на раст на цените веќе започнала и тешко може да се запре без радикални мерки. Побара владата да помогне со намалување на ДДВ на основните прехранбени продукти, дури и на 0%. Тој истакна дека најпогодени се ранливите категории и повика на финансиски пакети за социјални случаи, семејства со многу деца, пензионери и студенти. Според него, власта е „во паралелен свет“ и не ја гледа реалната состојба на граѓаните.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање укажа дека спиралата на раст на цените на сите производи веќе е започната и тешко може да се стопира. Филипче посочи дека владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети.

 „Сметам дека веќе циклусот, спиралата на раст на цените започна и тешко нешто сега може да го стопира.Треба многу радикални мерки да направи владата. Денеска на собраниската седница е на пример нашиот предлог Закон да се намали ДДВ-то на храната, на основните прехранбени продукти. Нека го намалат на нула проценти. Така ќе почуствуваат нешто граѓаните“, рече Филипче.

— реклама —

 Воедно, Филипче додаде дека од оваа криза најпогодени се ранливите категории граѓани на кои владата мора да им даде поддршка.

 „Нека дадат мерки, нека дадат пакети, финансиски пакети за одредени категории граѓани, за најзагрозените. Социјалните случаи, семејства со многу деца, пензионери, студенти, нека им помогне владата. Еве ако сме трета економија во Европа, нека излезе нека им помогне. Еве, ако се табелите на премиерот, што во неговиот свет во којшто живее се вистина, тогаш нека им помогне на граѓаните“, рече Филипче.

— реклама —

 Притоа, Филипче нагласи дека постои сериозен јаз меѓу реалноста со која се соочуваат граѓаните и перцепцијата на власта.

 „Сметам дека владата, владините функционери, власта, живее во паралелен свет. Во тој свет, таа реалност не е на граѓаните. Одите на пазарите и ќе ви ја кажат луѓето вистината како живеат. Им треба помош, финансиска“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 10 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 10 часа

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Здравјето и животната средина не смеат да бидат пред бизнисот на власта

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања