Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Фон дер Лајен од Стразбур: Европа не смее да дозволи другите да ѝ ја кројат иднината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Европа не смее да дозволи да биде обликувана од туѓи светогледи, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, реагирајќи на Националната безбедносна стратегија на САД, во која администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Европската унија.

Говорејќи во Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лајен истакна дека „никого не треба да го шокира тоа што други зборуваат за Европа“, но предупреди дека Унијата не смее да дозволи надворешни перцепции да ја дефинираат нејзината иднина.

— реклама —

Таа оцени дека Европската унија мора да се соочи со реалноста на свет кој станал „поопасен и трансакциски“, исполнет со војни и геополитички предизвици, и нагласи дека времето на комфор и носталгија е завршено.

Фон дер Лајен призна дека американската стратегија точно укажува на падот на европскиот удел во светскиот бруто-домашен производ – од 25 проценти во 1994 година, на околу 14 проценти денес. Но, како што подвлече, Вашингтон пропуштил да спомене дека и уделот на САД во светскиот БДП паднал – од 22 проценти во 1994 година, исто така на околу 14 проценти денес.

— реклама —

„Ова не е приказна само за Европа или Америка, туку за пошироки промени во светската економија“, рече таа, потсетувајќи дека Кина во истиот период го зголемила својот удел од четири на дури 20 проценти.

Претседателката на Комисијата повтори дека Европа мора целосно да ја преземе одговорноста за сопствената безбедност. „Ова повеќе не е опција, туку нужност“, истакна Фон дер Лајен.

Таа додаде дека Унијата годинава направила повеќе за својата одбрана отколку во целата претходна деценија. „Во последните десет години вложивме осум милијарди евра во одбранбениот фонд, а само оваа година овозможивме до 2030 година да се мобилизираат 800 милијарди евра“, нагласи Фон дер Лајен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryccg0aktmt8nba7bE950

Шпанија, Словенија и Ирска бараат преиспитување на односите ЕУ–Израел

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryssrcquqp4hg87L3h35Z

Европа губи 53 милиони жители до 2100 година: алармантна прогноза на Евростат

Свет | пред 6 дена

media-library6bi22uv8gvv63tlvg2S

По победата на Маѓар, Унгарија би можела да добие милијарди евра од ЕУ

Свет | пред 1 седмица

media-librarye4qv4hk7n5ck3xF03iH

Прва реакција од Русија: Поразот на Орбан ќе го забрза распадот на ЕУ

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања