Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(ФОТО) Новата претседателка на Судски се сликаше со Заев, а сега вели: Сите ние сме симпатизери на политички партии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
viber_image_2019-12-12_11-38-26

Новоизбраната претседателка на Судски совет, Весна Дамева, смета дека фотографијата на која се наоѓа со експретеседателот на СДСМ, Зоран Заев, а е видно насмеана, не може да биде етикета дека таа е припадник на политичка партија. Таа посочи дека никогаш не била член на политичка партија и додаде: „Ние сме симпатизери, сме поддржувачи. Не гледам ништо спорно“.

— реклама —

„Кога станав член на Судски совет, не сум обавувала партиска функција. Вашето прашање се должи на фотографија во јавноста. Фотографија на било кој од нас, со одредени лица од политиката не може да остават етикета и да остават впечаток дека сум припадник на политичка партија. Јас со мојата работа докажав дека не сум припадник никаде, туку имам интегритет, стручност и знаење. Пред мене стои закон и ништо друго. Сега не сум член сега на политичка партија, ниту кога сум била избрана“, вели Дамева.

— реклама —

Таа цело време се повикува на нејзиниот интегритет.

— реклама —

„Јас ќе ги направам горди по две години кога ќе докажам дека сум успеала во мојата визија и мисија. Еден од првите мои чекори ќе биде иплементација на акциониот план. Злото наречено корупција мора да се сопре и тука нема простување. Судијата кој ќе биде коруптивен, врз основа на факти и докази, вратата ќе му биде широко отворена за надвор. Нема друга шанса за таков судија, ќе му биде кажано: ‘не’. Ве уверувам дека Судскиот совет е отворен за Вас, бидејќи вие сте единствен коректор на нашата работа, а за таа цел, треба нонстоп да бидеме достапни и да одговориме на било кое прашање“, додава Дамева.

Не знае дека посоти судско-бизнис елита.

„Таа кованица судско-бизнис елити, првпат ја слушнав од Црвенковска. Не знам врз основа на кои факти и докази тоа го кажува. Тоа прашање треба на неа да и го нарушите. Може се работи за лична перцепција или нејзино согледување. За мене изјавата е загрижувачка дека доколку имала сознанија или дознала, била должена да го извести Советот бидејќи ние имаме механизми, а да ги извести и надлежните институции. Ова криење, бидејќи било подолг период, остава само сомнеж за поинакво размислување“, додаде таа.

Спремна да им застане на патот на сите кои ќе прават притисоци.

„Јас не сум имала влијание ниту притисоци, ниту ќе дозволам тоа да се случи. Интегритетот е единствен за одбрана од влијание. Доколку како член, а сега како претседател, јавно, не само пред членовите, туку и пред медиумите ќе известам. Не е доволно да се дознае туку и да се сузбие. Јас ќе побарам од Црвенковска, да каже“, додаде Дамева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0p96u6skogd921mua8v

Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор, членот на Судски, Јошевска, одговори на прозивките од Филков

Македонија | пред 1 месец

media-library439d2gh00u939iRZvnh

(Видео) Од Врховен, преку судија и Владата до Судскиот совет: како, според Катевеновски, течела постапката за негово разрешување

Македонија | пред 1 месец

media-librarynfk2ck3udsq11jvV6jH

По вторпат разрешена судијката Савовска Димитровска која се закануваше на „Скопје1“, а со нејзе заминува и судијката Георгиева

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Спиро Борисов и по две недели не ги демантира обвинувањата за земени 5.000 евра од Дацо Белски, на кого му одредил притвор

Студио | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања