Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(ФОТО) Од Стојаково до Кина со Рено 4: Поминаа 11.000 километри и го развеаа македонското знаме на кинескиот ѕид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
Screenshot_2-19

Maкедонците Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев направија еден навистина интересен спортски подвиг – со рено 4 минаа 11.000 километри!

— реклама —

Двајцата авантуристи се упатија од гевгелиското Стојаково и стигнаа до Кина, а стигнаа и до кинескиот ѕид каде што го развеаа македонското знаме.

— реклама —

Тие имале мала непријатност и морале да остават реното на аеродромот во Уланбатор, Монголија. Според кинеските закони од таму морале да ангажираат туристичка агенција и шофер ако сакаат да продолжат со својот автомобил во Кина, до Пенкинг продолжиле со авион.

— реклама —

Сега објавија дека се враќаат назад со реното за кое се надеваат дека ги чека во Уланбатор.

„Дојде и тој ден, по 20 дена и изминати 11000 километри со рено 4 и 800 километри со Боинг 737 успеавме! Го развиоривме Македонското знаме на Кинескиот зид и што би рекол Ѓорѓи Николов: “Стојаково и Македонија на нозе, Кина на колена! Битката на Кинеската граница ја загубивме ама војната ја добивме!!!” Голема благодарност до сите! Почнувајќи од нашиот тим во импровизираното студио во Cafe Bar Iks во Стојаково, кој деноноќно беше со нас и ни даваше точни информации по патот, потоа голема благодарност до сите спонзори без кои оваа мисија немаше да биде возможна, посебно до градоначалникот на општина Богданци Блаже Шапов и општинскиот совет како најголеми донатори, благодарност до министерот Димитров, тимот професионалци од МНР како и вршителот на

должноста Амбасадор на Македонија во Кина, нејзината екселенција, г-ѓа Зорица Ташковска без кои влезот во Кина нема да беше возможен. На крај, најголемо фала и до сите наши знајни и незнајни пријатели и поддржувачи кои не охрабруваа да стигнеме до Пекинг по секоја цена! Тука завршуваат 51% од нашата мисија. Се надеваме нашето Рено е сеуште на аеродромот во Улаанбаатор. Утре сабајле се враќаме назад во Монголија и го започнуваме патот назад. Уште 11000 километри полни неизвесност, друмски патишта и дружба со нашето Рено. На последната слика сме сликани пред зборовите кажани од Мао Це Тунг: “Не си херој ако не си го видел Кинескиот зид” – Ние успеавме да го видиме, и тоа на херојски начин! Подготовките за пречекот се веќе во полна пареа во центарот на центарот на Македонија, се надеваме ќе ве има во уште поголем број оваа година“, стои во објавата на Фејсбук страницата посветена на овој подвиг“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања