Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Франција се откажува од Windows, преминува на Linux за поголем дигитален суверенитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryt9b2r3lhkdgv3SwrAyb

Француската влада најави целосна миграција од „Виндоус“ кон системи базирани на „Линукс“, со цел да го зајакне дигиталниот суверенитет и да ја намали зависноста од технологии надвор од Европа.

Одлуката следува по претходни чекори на локално ниво, откако Лион минатата година се откажа од „Виндоус“ и „Мајкрософт офис“ во корист на бесплатни и отворени софтверски решенија.

— реклама —

Во текот на април, повеќе владини институции одржале заеднички состанок на кој било договорено да се намали зависноста од „воневропски“ технологии и да се даде предност на решенија развиени во рамки на Европската Унија. Како дел од стратегијата, Меѓуресорската управа за дигитални технологии ќе спроведе замена на оперативните системи на владините компјутери со „Линукс“-базирани решенија, иако конкретната дистрибуција сè уште не е утврдена.

Покрај тоа, се планира и миграција на платформите за здравствени податоци кон, како што се наведува, „доверливо решение“, а секое министерство има задача до есен да подготви сопствен план за транзиција. Стратегијата ќе опфати персонални компјутери, алатки за онлајн соработка, антивирусни системи, бази на податоци, решенија со вештачка интелигенција и мрежна инфраструктура.

— реклама —

Францускиот министер Давид Амиел изјави дека државата повеќе не може да ја прифаќа својата зависност од странски технолошки решенија и дека мора да ја преземе контролата врз сопствената дигитална иднина.

Ова не е изолиран случај во Европа. Данска исто така најави напуштање на „Виндоус“ и „Офис“, додека Минхен претходно се врати на системите на „Мајкрософт“ по десетгодишна употреба на „Линукс“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

56

Франција мора да заштеди четири милијарди евра поради војната на Блискиот Исток

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-library3pmoo2b4pvc69x3a3Ta

Европа ја зајакнува одбраната: Заеднички нуклеарни вежби на Франција и Полска

Свет | пред 1 ден

media-libraryh4366kdejfm48hgeH2T

Брз воз се судри со воен камион во северна Франција, машиновозачот загина

Свет | пред 2 седмици

media-libraryr5dqtmqk50t1bxa0Pv5

Франција ги зголемува залихите на оружје за 400%

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања