Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Гази Баба ќе субвенционира вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarylltvnlhd68pu41tw27Y

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска информираше дека е објавен Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за 2026 година.

Како што посочи во објавата на Фејсбук, Општина Гази Баба ги повикува сите граѓани да аплицираат за субвенции за вградување уред на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во своето возило!

— реклама —

„Се покриваат до 50% од трошоците, но најмногу до 18.000 денари по возило и се субвенционира едно возило по семејство“, истакна Стефковски.

Повикот трае до 30.11.2026 или до исцрпување на средствата, а право на учество имаат жители на општина Гази Баба кои поседуваат возило произведено по 01.01.2007 година и ќе вградат уред по објавување на повикот.

— реклама —

Аплицирањето се врши со доставување барање и потребната документација во затворен плик до Општината, а изборот ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Линк до јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za-subvencioniranje.../

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4cda7o0iv9ch0JdpuDf

Урната дивоградба во Керамидница, Стефковски: Нема компромис со Законот

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryhnr41q6nd3635gMJa0e

Гази Баба го решава пристапот до гробиштата Камник, започна реконструкција на патот

Скопје | пред 1 месец

media-librarya96nqe280ppvefZlZ39

Опомени за непрописно паркирање на зелени површини во Гази Баба

Скопје | пред 2 месеци

odzak-zapalen

Гази Баба субвенционира чистење на оџаци – по 1.200 денари за секое домаќинство

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања