Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Герасимовски: Општина Центар е пример за инклузија на сите деца со попреченост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

Денеска на Денот за подигање на свеста за церебралната парализа градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈУМЦСР Изеир Мемеди ја посети работилницата во Центарот за деца со церебрална парализа отворен во ООУ „Киро Глигоров“ на која покрај децата со церебрална парализа се приклучија и второодделенците од училиштето и децата од Центарот со Даунов синдром.

— реклама —

„Општина Центар ја негува инклузивноста, а доказ за тоа е и ова училиште кое всушност е прво училиште во државата со отворен дневен Центар за деца со церебрална парализа. Центарот има капацитет за згрижување на 40 корисници, а во моментов го посетуваат 32. На денешната работилница може да видиме дека децата одлично се дружат, тие овде ја добиваат целата поддршка согласно нивните индивидуални потреби, имаат на располагање стручен кадар но и најсовремени средства и дидактички материјали. Овој Центар претставува голем чекор којшто обезбедува инклузија за сите деца со попреченост“, порача Герасимовски.

— реклама —

Центарот за деца со церебрална парализа започна со работа во 2019 година, тој се протега на површина од 305 м2 и истиот е опремен со антибактериски подови, тоалети адаптирани за потребите на лицата со церебрална парализа, кујна по хасап стандарди, рампи за пристап до ботаничка градина и спортски терени во училиштето, клинео плафони, адаптибилно загревање и интерактивни табли.

— реклама —

Општина Центар преку отворање на ваков центар покажува грижа и целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството како и огромното значење за локалната заедница во обезбедување поквалитетен живот за сите граѓани во целата заедница. Хуманото и инклузивно образование кое го негува Општина Центар особено во ООУ „Киро Глигоров“ е пример кој треба да го следи секоја општина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrb06ngi121nf8ENVgiJ

Герасимовски – Варнс: Со САД како партнер, чекор поблиску до нови можности и развој на Општина Центар

Скопје | пред 3 седмици

299300548_1509089779544340_5740019662609878792_n

Герасимовски: Инспекторите се на терен, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема

Скопје | пред 1 месец

media-libraryplnivtkh5g642Kn3lO4

Герасимовски: Салата „Работнички“ ги отвори вратите за македонските репрезентативци, очекуваме победа во петок против Луксембург

Спорт | пред 1 месец

media-library4n3r99gqskc8d7Lz4L9

Герасимовски: Салата Работнички ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања