Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Герасимовски: Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_3382

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во населбата Капиштец. Станува збор за реконструкција на тротоарот долж целата улица. Истиот е 40% оштетен поради што е небезбедно за пешачење особено за повозрасните граѓани и мајките со колички и бебиња. Во следниот период оштетените и искршени коцки ќе бидат заменети со нови, а останатите ќе бидат нивелирани. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека вложувањето во реконструкција на тротоарите е влог во безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот.

— реклама —

„Започнавме со реконструкција на тротоарите пред полниот ек на сончевите денови и зголемената фреквенција на граѓани. Тротоарот е оштетен и бара санирање за непречено и безбедно пешачење на сите граѓани. Ќе биде реконструиран долж целата улица од околу 2 км. Зафатот треба да биде завршен за околу еден месец по што граѓаните ќе може непречено да го користат за утрински или попладневни прошетки“, вели Герасимовски.

— реклама —

Општина Центар изминатиот период реконструираше тротоари на неколку улици, изведе нови пешачки патеки со кои го олесни пристапот за движење на граѓаните. И во иднина продолжува да вложува во подобра инфраструктура за побезбеден сообраќај на возачите и пешаците.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrb06ngi121nf8ENVgiJ

Герасимовски – Варнс: Со САД како партнер, чекор поблиску до нови можности и развој на Општина Центар

Скопје | пред 3 седмици

299300548_1509089779544340_5740019662609878792_n

Герасимовски: Инспекторите се на терен, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема

Скопје | пред 1 месец

media-libraryplnivtkh5g642Kn3lO4

Герасимовски: Салата „Работнички“ ги отвори вратите за македонските репрезентативци, очекуваме победа во петок против Луксембург

Спорт | пред 1 месец

media-library4n3r99gqskc8d7Lz4L9

Герасимовски: Салата Работнички ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања