Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
zels-orce-1

ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите – ова го изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски после средбата со неговиот колега Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош, додека Костадин Костадинов, градоначалникот на општина Струмица не дојде на состанокот на кој беше поканет, иако беше најгласен против ЗЕЛС.

— реклама —

Ѓорѓиевски додаде дека секогаш имало несогласувања помеѓу одреден градоначалник и министер, но логички е кога се работи да постојат и такви несогласувања.

— реклама —

— реклама —

- Ние сме тие кои влегуваме во директна медијација на процесот и верувам дека ќе ги надминеме какви и да се разликите и колку и длабоки да се истите.

ЗЕЛС останува обединет и понатаму. Во наредниот период ќе продолжиме со интензивна комуникација и со Струмица. Колегата Перо Костадинов кој е мој потпретседател и доаѓа од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз, ќе се потруди во тој дел како колега, како припадници на иста политичка партија со Костадин Костадинов да седнеме заеднички на маса и верувам дека, како и Стевче што кажа дека нема да излезе од ЗЕЛС и остава простор на процесот да ги надминеме проблемите, истото ќе се случи и со општина Струмица - изјави претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски и додаде дека ќе застанат зад секој колега градоначалник без разлика од било која политичка партија да доаѓаат.

Во текот на наредните неколку денови, ЗЕЛС ќе направи обиди за организирање средби помеѓу гореспоменатите градоначалници и претставниците на централната власт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Полициска акција во Карпош и Кисела Вода – приведени лица и десетици казни

Скопје | пред 2 дена

media-libraryuuns4c3b22emddJvjts

Општина Карпош со нов проект - фитнес и самоодбрана за жени и мажи

Скопје | пред 6 дена

media-libraryl5njgabklnkjdP6PzIo

Општина Карпош субвенционира купување на нови велосипеди

Скопје | пред 1 седмица

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Акциска контрола во Карпош: Шест лица приведени

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања