Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Гласајте за број 9 зошто гласот за Димче во Гостивар е глас за Али, вели Стојаноска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library3vivlnqq0baf9UDMQiK

Нека не ве чуди што Гостивар е најраселена општина во Македонија.  Тоа е така, затоа што, слободно ќе кажам, дел од водачите на партиите на Албанците во Македонија се преиграа политика, а овие - од државотворнава СДСМ, зинати за власт и со криминал преку ушите, со две раце ги прифаќаа ваквите игри. И затоа сега се каде што се. Пред исчезнување, рече Дафина Стојаноска член на Извршниот комитет на денешниот митинг во Гостивар.

Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, и повторно почнува да гради од темел - онаму кај што другиве оставиле пепел.

— реклама —

Стојаноска се осврна и на противниците од СДСМ и Левица.

„На овие со бројот 5 од вчера напомош им се јави и струмичанецот на привремен престој во Дубаи. Тој кој велеше дека баклавата е изедена, ама тепсијата сто, треба да дојде во Гостивар и да види дека од некогашното СДСМ во Гостивар веќе нема ни тепсија, ни баклава. Овие, пак , со бројот 6 - лесничари кои најлесно знаат да одработуваат за најдобро платената сума. И види мајката опасни политичари, кандидирале градоначалници токму во Тетово, Гостивар и Струга, кај што ќе се бие битката меѓу партиите на етничките Албанци. Зашто, кај битката меѓу партиите на етничките Македонци – ВМРО е многу на малку, па Димче нема есап да се појави. И цело време го напаѓаат само ВМРО, дури и името ќе ни го забранеле кога тие ќе дошле на власт, значи на Свети Никогаш. Па добро бе Димче, овде ние не сме од вчера, па ти најде да не‘ учиш. Па од авион се гледа дека овојпат одработуваш за стопанот Али. Овојпат тој те платил најдобро и сега те поседува. Ти си најголемиот штетник за етничките Македонци, особено во Западна Македонија, и тоа во корист само на Али, ама голем си, си знаеш“, кажа Стојаноска.

— реклама —

Стојаноска на крајот со апел: „Морав да го кажам ова за нив – за гостиварчани да знаат дека Димче не е патриот, туку е платеник кој одработува туѓи агенди. Одработува за Али и гласот за Димче во Гостивар е глас за Али. Затоа, драги мои гостиварчани, изборот на 19 ти октомври е кристално јасен. Тоа е бројот 9 – за носителот Мартин и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Бројот 9 – за Гостивар. Бројот 9 – за иднината на гостиварчани“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl7etnje8kbeu3BtIQBt

Петрушевски: Газдата на СДС Заев се врати, а Филипче како да е во транс и уште си игра претседател, колку побрзо се огради од Заев побрзо ќе ја врати партијата на нозе

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра статус кво, Заев и натаму ги држи конците

Македонија | пред 5 часа

media-library4r2ei7icocg038e47y2

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни средби на Димитријевиќ во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ за формирање на опозициски фронт по инструкции на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 5 часа

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања