Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Го празнуваме Светиот великомаченик Мина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
DSC_0349

По потекло египќанец и војник по занимање, свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската, и градот, и луѓето, и сиот свет, та отиде во пуста планина. Бидејќи на свети Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе.

Еден ден, светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги разобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и мрак. Кнезот на тој град, некој Пирос, го запраша свети Мина кој е тој и што е.

— реклама —

Светителот му одговори: „Татковина ми е Египет, името ми е Мина, бев офицер, но кога го видов идолопоклонството се одреков од вашите почести. Сега дојдов пред сите да Го објавам мојот Христос како вистинит Бог, за и Он мене да ме објави како Свој слуга во Царството Небесно“.

Кога го слушна ова, Пирос го подложи свети Мина на големи маки. Го биеја, го стружеа со железни четки, го гореа со свеќи и го мачеа со разни други маки, и најпосле го убија со меч.

— реклама —

Телото му го фрлија во оган за да не го земат христијаните, но тие сепак спасија од огнот некои делови. Овие остатоци ги погребаа чесно, а подоцна беа пренесени во Александрија и таму ги погребаа и над нив изградија црква. Свети Мина пострада околу 304 година и се пресели во Христовото Царство.

Тој беше и остана голем чудотворец во двата животи, и на земјата и на небото. На секој што го слави свети Мина и во неволја со вера го повикува на помош, тој и му помага.

Повеќепати се јавуваше како војник на коњ, за да им помогне на верните или за да ги казни неверните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7spf2o7lu178f0b7dEh

Тишина пред радоста: Кое е значењето на Велика Сабота во православната традиција

Магазин | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryqma6v869dsls5izgM26

Велигден кај католиците и Цветници кај православните – денови на вера и надеж

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqu80f1vkbh0j2C3K6fJ

(Фото) Осветувани новите возила во МВР: едни поддржуваат, други негодуваат - но не е прв верски обред во институции...

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygi2o542feiqv4JXh7ez

Мирот почнува дома: Што се прави, а што се избегнува на Бадник

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања