Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Гордана Кочоска дискриминира ама и живее во паралелен универзум, економијата и стандардот тонат, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
480604994_1178362884296679_3547417140927990935_n

„Во недостиг на економски успеси, Кочоска осве што дискриминира други жени, тргна да се фали со БДП во еден квартал на крајот на минатата година, без да ги каже реалните индикатори за економијата и кризата во која таа и Мицкоски ја донесоа државата. Смешен е податокот за БДП од 3,2% во последниот квартал, кога инфлацијата е 5%, а кај храната од 10 до 15%. Ова значи дека нема никаков раст, туку, реално, граѓаните осиромашуваат“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

Со неверојатна леснотија, Кочоска прикажува економски победи, додека 83.000 работници не земале плата за јануари, додека цените постојано растат, а таа не презема ништо, додека платите стагнираат, а таа лично е против нивно покачување. Ова е потценување и исмевање на маката на граѓаните од страна на министерката, која, освен навреди кон пратенички, досега нема сработено буквално ништо во интерес на граѓаните.

— реклама —

Секојдневно компаниите отпуштаат работници, што е најдобар индикатор за тоа во која насока се движи економијата во државата. СДСМ постојано нуди конкретни решенија за подобрување на животот на граѓаните, се бори за стандардот преку понудени мерки и закони, но Владата нема интерес за тоа. Затоа, економијата и животниот стандард тонат и ќе продолжат да тонат додека оваа Влада ја води државата. ВМРО-ДПМНЕ и Кочоска реално немаат интерес да го подобрат стандардот на граѓаните и се фалат со лажни и половични економски индикатори.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Македонија | пред 5 часа

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 6 часа

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 23 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања