Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Градоначалникот на Бања Лука приведен на границата со Хрватска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-library8fs2abhs1kfga65TuOq

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, бил приведен на граничниот премин меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина откако одбил да му биде извршен преглед на личниот багаж, соопшти хрватската полиција.

Според информациите, инцидентот се случил на преминот Стара Градишка доцна синоќа, по 22 часот. Откако одбил контрола на багажот, што претставува прекршување на законските процедури за надзор на државната граница, Станивуковиќ бил приведен и задржан во рамки на прекршочна постапка, по што бил ослободен околу 2 часот по полноќ.

— реклама —

Самиот Станивуковиќ го потврди настанот преку социјалните мрежи, тврдејќи дека не сакал да дозволи, како што наведе, повторно да биде задржуван, претресуван и изложен на, според него, непримерен третман од страна на хрватската полиција. Тој оцени дека станува збор за систематска злоупотреба и дека односот кон него е „прашање на став кон Србите“.

Во меѓувреме, неговите соработници организираа прес-конференција пред Генералниот конзулат на Хрватска во Бања Лука, каде што обвинија за континуирано малтретирање и кршење на правото на слобода на движење.

— реклама —

Претставникот на Партијата за демократски напредок, Драган Милановиќ, изјави дека ваквиот однос претставува повреда на европските стандарди за човекови права и повика на институционална реакција.

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, најави дека ќе побара дополнителни информации од хрватското Министерство за внатрешни работи за причините и околностите на приведувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија во Сплит: загина 72-годишен маж

Балкан | пред 15 часа

— реклама —
media-librarygapulmqav1kqebLs4VW

Евакуиран шопинг-центар во Осиек

Свет | пред 1 ден

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Балкан | пред 1 ден

media-library2er4ggg8j2al63QXMK7

(Видео) Хрватски град го освои „Daily Mail“: Плажи, култура и пристапни цени

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања