Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Грчката гитаристка Елена Папандреу: Охрид е живописен град исполнет со мир и спокој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
elenapapandreu5

Сум слушала за Охрид, но благодарение на фестивалот „Охридско лето“ првпат имав прилика да се запознаам со културно историското богатство на градот, вели воодушевено грчката гитаристка Елена Папандреу, која вчера прошета низ Охрид  со туристичкиот водич на „Охридско лето“.

— реклама —

Грчката музичарка со богата кариера во Охрид остана два дена кои ги искористи за незаборавни прошетки, но и пливање во Охридското Езеро.

— реклама —

— реклама —

-Првпат бев во посета на Охрид, многу ми е драго, едноставно имав среќа  што останав еден ден повеќе,  а фестивалот „Охридско лето“ ми овозможи да ги видам културно -историските споменици.  Градот е фантастичен, убаво живописно место исполнето со мир и спокој. Многу зеленило, свеж воздух и прекрасно сино езеро. Многу пријатни луѓе, пријателски расположени кон гостите.Пливањето во Охридското Езеро беше прекрасно искуство. Задоволна сум и ми беше чест што бев дел од фестивалот „Охридско лето“. Можам да кажам дека ова беше  патување исполнето со прекрасни спомени, вели Папандреу.

Со професионален туристички водич  грчката музичка ѕвезда  прошета низ Стариот дел на Охрид, но го посети и Заливот на коските во Градиште и манастирскиот комплекс  Свети Наум. Таа уживаше и во вкусната традиционална македонска храна.

Фестивалот „Охридско лето“, преку уметниците кои со себе ќе ги понесат незаборавните спомени и ќе ги пренесат позитивните искуства, го промовира Охрид ширум  целиот  свет.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања