Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Груевски за сведоштвото на Катавеновски во „Претрес“: Му се одмаздиле затоа што не сакал да учествува во нечовечки прогон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library90fp2ljlsd1s1LLAYHT

Никола Груевски се повика на сведоштвото на поранешниот врховен судија Ристо Катавеновски во „Претрес со Ландов“, тврдејќи дека тоа отвора сериозни прашања за судството во периодот на политичките предмети на СЈО. Според Груевски, Катавеновски изјавил дека во случајот „Тенк“ немало докази за штета или корист – нужни елементи за злоупотреба. Тој додава дека судијата бил разрешен откако одбил да подготви извештај што би ја потврдил пресудата, што Груевски го оценува како политичка одмазда.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Поранешниот премиер Никола Груевски во јавна објава стави акцент на сведоштвото на поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катавеновски во „Претрес со Ландов“, оценувајќи дека неговите наводи отвораат сериозни прашања за работењето на судството во периодот на политичките предмети што ги водеше поранешното Специјално јавно обвинителство.

Според Груевски, Катавеновски јавно потврдил дека во случајот „Тенк“, поврзан со набавката на блиндираниот „мерцедес“, немало докази за штета или корист – елементи што, како што посочил судијата, се нужни за утврдување злоупотреба.

— реклама —

„Самиот судија Ристо Катавеновски бил разрешен затоа што не прифатил да подготви извештај до советот во кривичниот суд за случајот “Тенк” (набавката на блиндираниот Мерцедес), со кој ќе се потврди пресудата на Кацарска од кривичниот суд и од апелациониот суд во Скопје кој сосема сигурно на ист начин одлучуваше. „За злоупотреба мора да има доказ за штета или за корист. Овие два елемента не беа исполнети“, кажа неправедно разрешениот судија Катавеновски.

Тоа беше време кога мнозинството од судиите кои ги судеа политичките предмети не само што судеа што ќе им кажат, туку така беа исплашени што понекогаш ако немаше, сами бараа насока од политичарите како да пресудат за да не згрешат. Или алтернативно во политичките предмети ќе пресудеа на начин што ја гледаа општата политичка атмосфера и ценеа каква одлука би го задоволила Заев. Еве како судијата Катавеновски вели за неговиот разрешување, а е во сличен дух: „Не е директно до Судски совет. Додека некој не им каже, тие не постапуваат. Мора да им каже некој“.

Веднаш штом изразил свој став со несогласување за потврдување на пресудата заради немање доказ, Катавеновски бил разрешен од судија, веќе следниот ден. Му се одмаздиле затоа што не сакал да учествува во еден нечовечки политички прогон“, напиша Груевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-16-at-11.47.44

Груевски може да се врати и да не издржи ниту една од двете казни, туку да бара да му се суди одново оти е осуден во отсуство

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
mickoski-gruevski-141412

(Видео) Мицкоски: Ако Груевски се врати, веднаш оди во затвор

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhqavqnt2347h8OS8f2g

(Видео) Филипче за Груевски: Ќе бега ли во Русија или друго место?

Настани | пред 1 седмица

media-librarypf08t679r32b3cGISbt

Политичка порака или правна реалност: Дали Груевски може да биде вратен?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања