Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

И Муцунски именуван во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по укинувањето на потпретседателската функција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
nikoloski-nikolovski-mickoski-mucunski

По укинувањето на потпретседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски е именуван за член на Извршниот комитет на партијата. Тој преку јавно обраќање изразува благодарност за укажаната доверба и порачува дека ќе продолжи со истата посветеност во партиското дејствување.

— реклама —

Муцунски му се заблагодарува на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на членовите на Централниот комитет, како и на целокупното членство на партијата, оценувајќи дека членството во Извршниот комитет претставува и чест и сериозна одговорност.

— реклама —

Тој посочува дека во изминатиот период, како потпретседател на партијата, активно и целосно се вложувал во нејзината работа, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ поминува низ значаен политички циклус, во кој од опозициска партија прераснува во владејачка сила, и на локално и на централно ниво.

— реклама —

Муцунски истакнува дека и во наредниот период ќе продолжи да придонесува во реализацијата на програмските цели и политиките на партијата, изразувајќи уверување дека новата организациска поставеност ќе донесе дополнителна енергија и внатрешна кохезија.

Според него, силна и стабилна партија претставува клучен предуслов за силна и стабилна држава, а новиот состав на Извршниот комитет треба да придонесе кон поефикасно политичко делување и спроведување на политиките во интерес на граѓаните и заштитата на националните интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 12 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 16 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 16 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања