Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Игор Стевковски-Стевац добитник на признанието за најдобар карикатурален стрип „МИВЕЛ“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
stevac-3

Познатиот илустратор и стрип цртач Игор Стевковски-Стевац е добитник на признанието за најдобар карикатурален стрип „МИВЕЛ“ од страна на 21 Балканска смотра на млади стрип автори во Лесковац, соседна Србија, наречена по реномираниот  Миодраг Величковиќ, познат српски новинар, сликар, карикатурист и стрип автор.Оваа смотра е организирана изминатиов викенд , од страна на Училиштето за стрип „НИКОЛА МИТРОВИЌ КОКАН “ .

— реклама —

Интересно е дека првите мегусебни контакти со овој реномиран стрип фестивал се остварени за време на ланскиот Интернационален стрип салон во Велес ,кадешто му се додели Годишното признание за развој и афирмација на македонскот стрип „Љупчо Филипов“

— реклама —

„Оваа смотра е посебно ценета од страна на македонската стрип сцена ,бидејки претставуваше и се уште претставува најпогодно место за остварување на контакти и идна соработка ,како и презентирање на актуелните изданија од македонски автори и издавачи. Освен мене , учесници од нашата земја   беа ; Ласко Џуровски, Златко Крстевски, Никола Темков и младите Томи Џуровски и Никола Панов.

— реклама —

Морам да го истакнам квантитетот, но и квалитетот на изложените стрипови ,посебно од страна на младите автори од земјите на Балканот.Уште еднаш се потврди дека со зголемена поддршка кон младите автори од нашата земја ,посебно во полето на едукацијата,тие ќе чекорат „рамо до рамо “ со своите врсници од странство“, изјави Ване Трајков,извршен директор на Стрип центар на Македонија-Велес и учесник на смотрата во Лесковац.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања