Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЈЗ: Во ниту едно училиште во Карпош нема патогени бактерии, освен во „Димо Хаџи Димов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryoepo6p4phpe53JaqnxH

Во ниту едно основно училиште на територијата на општина Карпош, освен во ОУ „Димо Хаџи Димов“, не се пронајдени патогени бактерии во храната или на работните површини, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

— реклама —

На 27 ноември, Агенцијата за храна и ветеринарство заедно со стручни тимови од Институтот спроведе вонредна хигиенска контрола во девет училишта. Од секое училиште биле земени мостри од подготвена храна и брисеви од работните површини во кујните.

— реклама —

Според лабораториските анализи, кај испитаните примероци не е утврдено присуство на патогени бактерии, со исклучок на едно училиште каде на две површини биле откриени ентеробактерии – показател за недоволна хигиена при одржување на просторот.

— реклама —

Резултатите од испитувањата во ОУ „Димо Хаџи Димов“, каде претходно беа откриени бактерии, веќе се доставени до надлежните институции за понатамошно постапување.

ИЈЗ најавува дека ќе предложи измени во Националната годишна програма за јавно здравје и релевантната подзаконска регулатива. Целта е да се подигнат хигиенските стандарди во училиштата и градинките, како и да се обезбеди посигурна храна и вода, со што ќе се зајакне заштитата на јавното здравје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqpgi3jl77na8c9KzpGp

(Фото) ИЈЗ објави фотографии од чистењето на 10 тони опасен хемиски отпад

Македонија | пред 3 седмици

media-library2lu374rspu1s7ojDamp

10 тони опасен хемиски отпад 10 години се чувал во ИЈЗ, ќе се согори надвор од државата

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryr4q5suh2p9moc1huOYV

„Само 25 проценти од децата секојдневно јадат свежо овошје“: ИЈЗ предупредува 13,7 отсто од децата се дебели

Македонија | пред 3 седмици

grip

Изминатата недела нови 1.113 случаи на грип

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања