Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Илиевска реагира: Насилници се наградуваат во екот на кампањата против насилство врз жени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarydegd50ijja1p0z8HINN
ФБ

Габриела Илиевска, која беше кандидат за градоначалник на Битола остро реагира што, во екот на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“, лице кое, како што тврди, јавно ја „прогласило за умрена“ добило функција во управен одбор на јавно претпријатие. Таа оцени дека ваквата одлука го обезвреднува активизмот и испраќа понижувачка порака до сите жени кои зборуваат за насилството.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Во сред кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“, истиот човек што јавно ме „прогласи за умрена“ – што симболично е најбруталниот обид за бришење на една жена – денес од градоначалникот добива награда:

Позиција во Управен одбор на јавно претпријатие.

Вака ли изгледа борбата против насилство? Ова не е борба. Ова е легитимирање на насилниците, исмевање на вредностите што наводно ги браните и шамар за секоја жена која се осмелила да зборува.

Не ми зборувајте за активизам додека ги унапредувате оние што го практикуваат насилството. Не ми продавајте кампањи, спотови и хаштагови додека од другата страна на масата седат луѓе кои ја газат основната човечка достоинственост. Ако ова ви е „борбата“, тогаш жртвите повторно сте ги оставиле сами.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhs9hejjus41a9tnmCm1

Екссоветничката критикува: Битолчани добија 81 денар за штетите од земјотресот, a комисијата 1 милион

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања