Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Има активни пушачи и од најрана возраст, од 13-14 години: Министерот Алиу соопшти алармантни податоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx
unsplash/Reza Mehrad

- Законите сами по себе не може да бидат квалитетни и да дадат резултати ако немате цел екосистем. Законот дефинира рамка и строги правила за подобрување на екосистемот во одреден сегмент. Од друга страна, ако немате дополнителни индикатори за мерење и следење дали законот се применува, ќе имате само закон на хартија. Затоа можеби досега постојните закони за жал не даваа резултати. Ние прво направивме длабока анализа на постојната состојба, која покажа дека кај нас околу 50% од популацијата се зависни од цигари, и тоа пушат околу 18-22 цигари на ден, што значи во државата имаме двојно повеќе пушачи во споредба со европските стандарди. И ова е алармантно, особено што има пушачи и од најрана возраст, од 13-14 години има 7.7% активни пушачи, од 15-16 години се некаде 37%, а на електронски цигари 40%, истакна министерот за здравство Азир Алиу, во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

— реклама —

Тој потенцираше дека законот не е против пушачите, туку идејата е законот да ги штити пушачите кои се околу 50% од населението, и да помогне тие да се откажат од пушењето.

— реклама —

- Замислете наш граѓанин кој работи во угостителски објект каде што се пуши внатре. Тој без оглед дали сака или не, пасивно е изложен на чад од цигари осум часа на ден и на крајот од денот е пасивен пушач. Разговарав со доктори кои велат дека има многу често случаи на кардиоваскуларни заболувања кога пациентите велат дека самите не се пушачи, но дома имаат членови на семејството кои пушат во затворени простории. Тоа значи дека и пасивните пушачи се во ризик, кога активните пушачи пушат во затворени простории. Нас како држава целта ни е да ги заштитиме граѓаните, додаде министерот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sestra

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Македонија | пред 3 дена

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Македонија | пред 3 дена

media-libraryr2dejvj2r9031UKh8Mi

Нови специјализации и вработувања во педијатријата за намалување на дефицитот во здравствениот систем

Македонија | пред 3 дена

media-library7v1akv9kqpee2oD6Xzq

Алиу: Насилство врз здравствен работник е кривично дело за кое е предвидена казна затвор

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања