Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Инфлацијата во САД скокна поради војната со Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-librarykkbeotev1k8bb9fUDSi
unsplash martin-w-L-

Инфлацијата во САД се зголеми, со цени повисоки за 3,3% на годишно ниво. Индексот на потрошувачки цени во март порасна за 0,9 п.п. во однос на февруари, најголем месечен скок од мај 2024. Главен двигател е енергијата поради конфликтот со Иран и нарушувањата во Ормутскиот теснец: енергијата е +10,9%, бензинот +21,2%, со просек над 4 $/галон (Калифорнија 5,91). Поскапувањето се прелева во авиобилети, струја, облека и возила. Иако по примирјето има делумна стабилизација, цените остануваат високи. Храната благо падна (-0,2%), но е +1,9% годишно; експертите предупредуваат на поширок инфлаторен притисок.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Инфлацијата во САД бележи нагло зголемување, при што цените се за 3,3 отсто повисоки на годишно ниво, покажуваат најновите податоци, додека главен двигател е растот на цените на енергијата поради војната со Иран.

Според извештаите, индексот на потрошувачки цени во март пораснал за 0,9 процентни поени во однос на февруари, што претставува најголем месечен скок од мај 2024 година.

— реклама —

Клучен фактор за ваквото зголемување е растот на цената на нафтата, која во изминатиот месец често ја надминуваше границата од 100 долари за барел, како последица на конфликтот и нарушувањата во транспортот низ Ормутскиот теснец – клучна рута низ која минува околу 20 отсто од светската нафта.

Цените на енергијата во САД се зголемени за 10,9 отсто, додека бензинот поскапел за дури 21,2 проценти. Просечната цена на горивото надмина 4 долари по галон, што е речиси долар повеќе од пред една година.

— реклама —

Во одредени сојузни држави, цените се уште повисоки – во Калифорнија достигнуваат 5,91 долари по галон, додека во Флорида изнесуваат 4,09 долари.

Порастот на цените на горивото веќе се прелева и во други сектори. Авионските билети поскапеле за 2,7 отсто поради растот на цената на авионското гориво, додека струјата бележи зголемување од 0,8 проценти. Поскапувања има и кај облеката и новите возила.

Иако по објавеното примирје меѓу САД и Иран цените на енергенсите делумно се стабилизираат, тие и натаму остануваат високи, а сообраќајот низ Ормутскиот теснец сè уште не е целосно нормализиран.

Во исто време, има и ограничени позитивни сигнали – цените на храната во март благо се намалиле за 0,2 отсто, но и понатаму се за 1,9 проценти повисоки на годишно ниво.

Експертите предупредуваат дека доколку високите цени на енергијата продолжат, инфлаторниот притисок ќе се прошири и врз останатите сегменти од економијата, со директно влијание врз стандардот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 21 час

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 22 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања