Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Иранската револуционерна гарда тврди дека уби и рани 560 американски војници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-libraryijngr6udobhc20OnfSz

Иранската револуционерна гарда (IRGC) објави дека извршила напади на американски и британски цели на море и копно, тврдејќи дека погодиле три нафтени танкери и дека во нападите врз американските бази во регионот биле убиени или повредени 560 американски војници.

— реклама —

Според тврдењата на гардата, нивните сили гаѓале три нафтени танкери за кои велат дека припаѓаат на САД и Велика Британија. „Со проектили погодивме три офанзивни нафтени танкери кои припаѓаат на САД и Британија во Заливот и Хормушкиот теснец“, се наведува во нивната изјава. Покрај нападите на море, IRGC соопшти дека извршила и удари врз копнени цели. „Целевме разни американски бази во регионот, што резултираше со смрт и повреди на 560 припадници на американскиот воен персонал“, соопштија од гарда.

— реклама —

Од американска страна, Американското централно командување (CENTCOM) потврди дека три американски војници загинале, а уште петмина се тешко повредени во операцијата наречена „Епски гнев“. „Неколку други војници имаат полесни повреди од шрапнели и потреси на мозокот и се враќаат на должност. Опсежните борбени операции продолжуваат, а нашиот одговор е во тек“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Сè уште не е познато на кој начин точно се случиле повредите и смртта на војниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycqb5etpa5skc8SCGR6U

Кинески бродови поминаа низ Ормутскиот теснец: „Затворен е само за непријателите“

Свет | пред 1 час

media-libraryfurrth0lpejo4qp4sOG

Шпанија повеќе не дозволува прелети преку нивна територија на авиони кои го напаѓаат Иран

Свет | пред 2 часа

media-libraryjhe6bolsp47ve1ATXnV

Европските берзански индекси денес се движат нерамномерно, додека енергетските пазари повторно се вжештуваат

Свет | пред 3 часа

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Техеран го менува правилото, сака да наплаќа премин низ Ормутскиот теснец

Свет | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања