Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Историски процес во САД: Тужби дека Инстаграм намерно создава зависност кај младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
Screenshot-2024-01-31-at-21.35.10

Извршниот директор на Meta, Марк Закерберг, денеска ќе сведочи на судење што се смета за преседан во постапките поврзани со наводната зависност од социјалните мрежи. Адвокатите на тужителите тврдат дека Instagram и други платформи биле намерно дизајнирани за да предизвикаат зависност кај младите корисници.

Првиот висок функционер од Силиконската Долина што сведочеше беше директорот на Инстаграм, Адам Мосери, кој на 11 февруари пред поротниците изјави дека не го прифаќа концептот „зависност од социјални мрежи“, туку преферира да зборува за „проблематична употреба“, термин што го користи компанијата.

— реклама —

Мосери направи споредба со гледање телевизиска серија до доцна навечер, посочувајќи дека тоа не е исто што и клиничка зависност. Во судницата присуствуваа и мајки на тинејџери кои извршиле самоубиство, а кои, според извештаите, со тешкотија ги задржувале емоциите.

Еден ден претходно, тужителите ја повикаа психијатарката Ана Лембке, која сведочеше дека социјалните мрежи можат да функционираат како „влезна дрога“ за младите, насочувајќи ги нивните мозоци во развој кон зависнички модели на однесување.

— реклама —

Во текот на постапката беа презентирани и интерни електронски пораки, во кои се споменува одлуката на Закерберг од 2020 година да дозволи филтри поврзани со козметички зафати на Инстаграм, и покрај предупредувањата од дел од раководството дека тие можат да имаат штетно влијание врз младите девојки. Дел од раководителите инсистирале филтрите да останат со цел да не се изгуби пазарниот удел во конкуренцијата со TikTok.

Во рамки на процесот беше најавено и сведочење на извршниот директор на YouTube, Нил Мохан, но тужителите соопштија дека наместо него ќе повикаат друг висок претставник од компанијата.

Постапката во Лос Анџелес се одвива паралелно со сличен национален случај пред федерален судија во Оукланд, Калифорнија, кој може да резултира со ново судење во 2026 година. Мета се соочува и со судски процес во Ново Мексико, каде што тужителите ја обвинуваат компанијата дека му дава приоритет на профитот наместо на заштитата на малолетниците од сексуални предатори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

instagram

Инстаграм воведува нови ограничувања за содржина за тинејџери на глобално ниво

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
insta

Нова функција: Коментарите на Инстаграм може да се менуваат – само 15 минути

Магазин | пред 1 седмица

insta

Инстаграм демантира хакерски напад, тврди дека корисничките профили не се загрозени

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryn6os0rmg35hs9W3xqzC

Што значи новата икона со тајмер на Instagram сторис? Еве конечно објаснување

Магазин | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања