Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Избран изведувачот за реконструкцијата на Универзална сала – проектот ќе биде готов до декември 2027 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library7oj28mmh9qcd08SaNRO

Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објектот Универзална сала – по принцип на изградба клуч на рака“.

По завршување на законските рокови, ќе следи потпишување на договорот за изведба, а потоа и воведување на изведувачот во работа, по што ќе започнат официјално и градежните активности.

— реклама —

Рокот за реализација на проектот е до декември 2027 година, а принципот клуч на рака подразбира дека до тој период објектот ќе биде целосно изграден, уреден и подготвен за користење, односно за одржување концерти, настани и други културни содржини.

Од Министерството потсетуваат дека по преземањето на објектот од Град Скопје, особено по пожарот што го оштети објектот, биле спроведени низа активности за да се обезбеди успешна реконструкција. Со измените и дополнувањата на проектната документација, Министерството обезбедило нов основен проект за реконструкција, кој пред јавноста беше претставен како спој на зачуваниот спомен и современ архитектонски идентитет.

— реклама —

Со реализацијата на проектот, Универзална сала ќе добие современ и повеќенаменски карактер, задржувајќи ја симболичната вредност што објектот ја има во колективната меморија на граѓаните на Скопје.

Според Министерството, обновената сала ќе има клучна улога во програмата на манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, кога повторно ќе стане едно од омилените места за културни настани и собири на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfu1a0mqmsrbf1Xl9Uls

Ѓорѓиевски најави: Универзална сала ќе биде готова до 2027

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-library3nn7oarn15or7c8QJqS

Универзална почнува да се гради, треба да е завршена до декември 2027 година, објави Љутков

Македонија | пред 2 седмици

univerzalna-sala

Љутков: Одлуката за изведувач на Универзална сала ќе биде донесена в понеделник

Скопје | пред 2 месеци

univerzalna-sala2

Нова Универзална сала во Скопје со 1200 седишта и современа опрема до 2027 година

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања