Израелското Министерство за одбрана нарача напредна авионска муниција од израелската воена компанија Elbit Systems во вредност од околу 200 милиони американски долари, во услови на зголемени безбедносни тензии поврзани со Иран.
Компанијата Elbit Systems во своето соопштение го истакна своето технолошко водство во развојот на системи за авионско вооружување, наведувајќи дека е горда на долгогодишната соработка со израелското Министерство за одбрана.
Од компанијата посочија дека нивната муниција се смета за еден од клучните фактори што овозможуваат воздушна надмоќ на израелските воздухопловни сили.
Израелското Министерство за одбрана соопшти дека целта на договорот, кој се спроведува преку дирекцијата за воени набавки, е зајакнување на самостојноста во снабдувањето со вооружување и подготовка за можни непосредни борбени сценарија и зголемени безбедносни предизвици во наредниот период.
Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека договорот е дел од пошироки напори за понатамошно јакнење на независноста на израелскиот систем за снабдување со муниција.