Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Израел со последно предупредување: Бегајте на југ или ќе бидете сметани за терористи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
IMG_4172

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска упати последно предупредување до жителите на Газа да побегнат на југ, во спротивно ќе бидат сметани за „терористи и поддржувачи на тероризмот“.

— реклама —

Ова е последна прилика за жителите на Газа кои сакаат да се преселат на југ и да ги остават терористите на Хамас изолирани во градот, изјави Кац, пренесоа израелските медиуми, во момент кога израелската војска ги интензивира своите операции во тој регион.

— реклама —

Портпаролот на израелската армија, полковник Авишај Андраеи, најави дека денеска ќе биде блокиран последниот премин кон јужниот дел на Појасот Газа, односно улицата Ал Рашид. Според него, патот ќе остане отворен само за оние кои сè уште не успеале да се евакуираат.

— реклама —

Во оваа фаза, израелската влада дозволува премин кон југ слободно и без контрола, се наведува во соопштението.

Истовремено, висок функционер на Хамас изјавил дека групата веројатно ќе го одбие мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека тој „служи на интересите на Израел“ и ги „игнорира интересите на палестинскиот народ“.

Според истиот извор, Хамас се спротивставува на распоредувањето меѓународни стабилизациски сили во Газа, сметајќи дека тоа претставува нов облик на окупација.

Воените команданти на терен, како Ез ал-Дин ал-Хадaд, остануваат решени да продолжат со борбата, додека дел од политичките претставници на Хамас надвор од Газа се маргинализирани бидејќи немаат контрола врз заложниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

izrael-napadnat

Ескалација во Газа, девет загинати: Израел соопшти дека нападите се одговор на кршење на примирјето

Свет | пред 1 месец

media-library74fi481gt6i71Q1oAw4

Тешки израелски напади врз Газа, загинати најмалку 32 лица

Свет | пред 1 месец

media-librarylrb5mhoc9rj55RqAUqp

Поранешен заложник на Хамас ги опиша 498-те дена мачење и заробеништво

Свет | пред 2 месеци

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Израел забрани работа на 37 странски невладини организации во Газа

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања